9.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

ЛАПОНИЈА: Зимска магија која ќе ве остави без зборови

Најчитани вести

Рованиеми е град во Лапонија каде се наоѓа селото на Дедо Мраз во кое, меѓу другото, постои дури и пошта во која пристигнуваат писма од целиот свет, а и вие можете да пратите разгледница со печатот на Дедо Мраз, но постои и многу поголема магија од сето тоа.

Дедо Мраз е тоа што ги привлекува најмладите, но овој град, кој е проектиран од небото да изгледа како ирвас, ќе ги увери во зимската магија дури и оние кои се свесни дека Дедо Мраз не постои.

Рованиемии е главен град на Лапонија, регион на северот на Финска кој годишно го посетуваат околу половина милиони луѓе. Најважна економска гранка е туризмот, и тоа со причина.

Овој град е ypнaт во текот на Втората светска вojнa, а обновата почнала пред Еленор Рузвелт да сака да го посети овој дел на Финска. Еден од првите обновени објекти денес е поштата на Дедо Мраз која се наоѓа во неговото село, во кое се наоѓаат продавници за сувенири, ресторани, кафулиња, ледени скулптури, хотели, училиште за помагачи на Дедо Мраз, кујна во која се прават јадења за помошниците на Дедо Мраз, а за целосно доживување можете да преспиете во игло или да се возите со санки кои ги влечат хаски или ирваси.

Сето ова им е многу интересно на децата, а можеби би било и за родителите кога фотографирањето со Дедо мраз не би чинело 25 евра. Сепак, постои нешто поради што и возрасните повторно стануваат “мали” и почнуваат да веруваат зимската магија. По нeгoдувaњeтo дека туристичките водичи насред ноќ ве будат и ве носат на некое брдо прекриено со снег, ќе се уверите дека “магијата” и не е толку нереална.

​ ​

Кога се појавува аурора-бореалис, и кога ќе почне да ја игра својата полноќна игра по небото, ќе заборавите дека сте поспани, и дека тeлoтo ви се вкoчaнилo од студ. Ќе можете и своите телефони да се обидете да направите совршена фотографија.

Бидејќи Рованиеми се наоѓа во рамките на Арктичкиот круг, постои назначено место низ кое минува замислена линија и токму тука посетителите сакаат да се фотографираат. Фотографијата може да се дополни со сертификат кој може да се купи, на кој ќе пишува дека сте го преминале Арктичкиот круг.

Постои разлика од која страна на кругот стоите, бидејќи тоа значи дали Сонцето воопшто ќе излезе за време на зимската краткоденица, а во Рованиеми тогаш е ноќ 24 часа. Исто така, во време на летната долгоденица Сонцето воопшто не заоѓа. Оваа појава се нарекува Полноќно Сонце, а посетителите го користат за да одат на планинарење, бидејќи тоа е денот во кој 24 часа можете да го видите тоа што во текот на зимата е прекриено со снег.

Рованиеми е познат и по локалните специјалитети. Тоа што малку кој сака да го пропушти е секако храната подготвена од ирваси или риби од езерата и реките во близина, и сезонскиот зеленчук. За десерт во Лапонија се подготвува леипјасто, кој се јаде со бобинки или со џем од бобинки.

Доколку сакате да ја запознаете природата, културата и историјата на Северот, тогаш Арктикум, научен центар и музеј во рамките на кој се наоѓа и еден од најубавите паркови на Ровниеми, е идеално место за вас.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com