17.8 C
Skopje
Thursday, August 18, 2022

Лапид ѝ се заблагодари на Турција што спречила напади врз Израелци

Најчитани вести

Израелскиот министер за надворешни работи Јаир Лапид им се заблагодари на турските власти за нивната соработка во спречувањето напади врз израелските граѓани во Турција и предупреди дека Израел нема да седи со скрстени раце пред заканите од Иран. Лапид ова го изјави по средбата со турскиот колега Мевлут Чавашоглу во Анкара, во време кога двете земји прават напори за подобрување на односите влошени од силната поддршка на Турција за Палестинците. „Во последните недели, животите на израелските граѓани беа спасени благодарение на безбедносната и дипломатската соработка меѓу Израел и Турција. Имаме голема почит кон турската влада за нејзините професионални и координирани активности“, рече Лапид.

На почетокот на јуни Израел ги предупреди своите граѓани да избегнуваат патување во Турција, а доколку веќе се таму, веднаш да се вратат, бидејќи може да бидат цел на ирански напади. Турските медиуми пред посетата на Лапид објавија дека биле уапсени петмина Иранци осомничени дека планирале напад врз Израелци во Истанбул. Чавашоглу на заедничката прес-конференција со Лапид рече дека Турција „не може да дозволи инциденти од ваков вид“ на нејзина територија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com