1.8 C
Skopje
Saturday, February 4, 2023

Лапид: Израел е сериозно резервиран кон договорот со Иран

Најчитани вести

Новиот шеф на израелската дипломатија, Јаир Лапид, му порача на американскиот државен секретар Ентони Блинкен дека Израел е „сериозно резервиран” кон иранскиот нуклеарен договор склучен во Виена.

-Израел има сериозни резерви во врска со иранскиот нуклеарен договор постигнат во Виена. Ние веруваме дека овие несогласувања треба директно да се дискутираат, а не на прес-конференции, рече израелскиот министер пред состанокот со американскиот државен секретар во Рим.

Според американски официјални претставници, новиот израелски министер за надворешни работи и американскиот државен секретар на нивниот прв состанок имаа многу позитивен и топол разговор.

Главните теми на разговорот биле одговорот на иранската нуклеарна програма на договорите на САД и Израел за нормализирање на односите со земјите од Персискиот залив и хуманитарната помош за Газа и статусот на Источен Ерусалим, што се прашања што во мај го активираа последниот бран насилство меѓу Израелците и Палестинците.

Лапид во Рим, исто така, кажа дека Израел ќе работи на подобрување на односите со САД.

-Во последните неколку години се направени грешки. Нарушен е избалансираниот однос на САД со двете главни партии и сега заедно ќе ги исправиме овие грешки, рече Лапид.

Блинкен вчера изјави дека САД ги поддржуваат израелските договори за нормализирање на односите, но истакна дека тие не можат да го заменат ангажманот на Израелците и Палестинците во решавањето на споровите меѓу двете страни.

Иран и САД индиректно разговараат за реактивирање на нуклеарниот договор. Договорот беше потпишан во 2015 година меѓу Техеран и водечките светски сили, кои, во замена за укинување на меѓународните санкции, воведоа ограничувања на иранските нуклеарни активности.

Новиот израелски премиер Нафтали Бенет застана на страната на неговиот претходник Бенјамин Нетанјаху, кој се спротивстави на иранскиот нуклеарен договор од 2015 година, сметајќи дека наметнатите ограничувања се „прелабави”.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести