2.8 C
Skopje
Tuesday, December 7, 2021

Лансет: Британската варијанта не предизвикува потешки форми на Ковид-19

Најчитани вести

Во научното списание „Лансет“ објавена е студија за многу заразна варијанта на коронавирус, создадена во Велика Британија, т.н. британски сој. Иако експертите досега тврдеа дека станува збор за поопасна варијанта на коронавирус, според најновото истражување, британската варијанта не предизвикува потешки форми на Ковид-19, кои задолжително бараат хоспитализација или завршуваат со смрт.

Студијата опфаќа група од 496 ковид пациенти, примени во британските болници во ноември и декември минатата година и нивната состојба беше анализирана во компаративна студија со пациенти заразени со други варијанти на коронавирус.

Резултатите од студијата покажуваат дека кај заразените со вирусот Б.1.1.7. не е потврден поголем ризик од сериозна клиничка слика и смрт отколку кај другите видови.

Британската варијанта на коронавирусот позната како Б.1.1.7. првпат беше откриена кон крајот на минатата година во Велика Британија и наскоро стана најраспространета во САД, потврдија од американскиот Центар за контрола и превенција на болести.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com