17.8 C
Skopje
Sunday, July 25, 2021

Лани имало најмалку жртви во сообраќајни несреќи, а како почнала годинава?

Најчитани вести

Со 125 жртви во сообраќајни несреќи, 2020 година е година со најмал број жртви откако се води статистика за тоа во земјава. Трендот на намалување на жртвите постои од 2017 година.

Ова било истакнато денеска на средбата меѓу министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и претседателката на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), Гордана Кожуваровска при што Спасовски изразил задоволство од досегашната соработка со РСБСП, а Кожуваровска потенцирала дека безбедноста во сообраќајот е врвен заеднички приоритет.

Статистиките покажуваат дека во 2020 година е евидентно намалувањето на бројот на сообраќајни незгоди и жртви во сообраќајни незгоди, а овие трендови се уште повидливи во јануари 2021 година. Во јануари 2021 има намалување на жртвите од сообраќајни незгоди за 56 отсто, споредено со јануари минатата година. Во јануари оваа година има четири жртви, а во јануари 2020 година имало девет жртви. Вкупниот број сообраќајни незгоди пак во јануари е намален за 19 отсто.

Спасовски и Кожуваровска заклучиле дека со заеднички напори и залагања можат да се постигнат уште подобри резултати во областа на сообраќајот и пред сѐ, дополнително намалување на бројот на жртви. За таа цел тие договориле низа превентивни кампањи кои треба да стартуваат од март годинава.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести