4.8 C
Skopje
Thursday, October 28, 2021

Лани играа осминафинале во Лига Европа, а сега израмнија најцрн рекорд во Ла Лига! (ВИДЕО)

Најчитани вести

Мадридски Хетафе ланскиот август во доиграната сезона после прекинот поради коронавирусот стигна до осминафиналето во Лига Европа (загуби од Интер со 0-2), но ретко кој веруваше дека една година потоа овој многу незгоден тим од Шпанија ќе израмни ептен црн рекорд.

Откако загубија синоќа од Бетис со 0-2, за Хетафе ова беше седми пораз во седмиот меч и со тоа станаа само четврти тим во историјата, а прв после 25 години, кој има најмизерен старт без освоен бод во првите седум кола.

Пред нив вакво нешто имаа Расинг Сантандер во 1928 година, Реал Сарагоса во 1952 година и Есктрамадура во 1996 година. Веќе идниот викенд имаат шанса да го надминат и овој рекорд, ако загубат и осми пат, а противник им е Реал Сосиедад.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com