13 C
Skopje
Friday, May 7, 2021

Лампард: Јас не ја контролирам мојата иднина

Најчитани вести

Тренерот на Челси, Френк Лампард вели дека не зависи од него дали ќе добие отказ, тоа е работа за сопствениците на клубот.

Челси синоќа со 2-0 загуби на гостувањето кај Лестер, сините играат во лоша форма и се на осмата позиција на табелата, а можат да паднат и од неа бидејќи под нив има тимови кои имаат одиграно помалку натпревари.

Столчето на Френк Лампард се тресе, тој е се поблиску до отказ. Роман Абрамович не е газда кој може да истрипи лоши резултати на подолг рок.

Запрашан за неговата иднина, Лампард рече: „Тоа не е во моја контрола, тоа се одлуки кои не ги носам јас. Работите кои тренерот ги контролира е тимот, како да ги крене фудбалерите и да работи напорно. За мојата иднина јас не можам да ви одговорам“.

„Очекувањата во овој клуб се секогаш високи. Знам дека ние не сме на вистинската позиција доколку го погледнете нашиот состав. Но ова е нов состав, ова е транзиција, сепак кога играте вака како што ние играме, нормално е луѓето да поставуваат прашања за вашата иднина“.

„Загрижен сум бидејќи од добра форма многу брзо преминавме во лоша форма, дури и со Фулам требаше да одиграме подобро од тоа. Пет порази во осум меча, тоа не е тоа што го сакаме, ќе ни биде потребен многу карактер за да се вратиме“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести