7 C
Skopje
Sunday, May 16, 2021

Лампард експресно го казнил Давид Луиз по обидот за предавнички трансфер во лут ривал

Најчитани вести

Француски „Лекип“ вчера излезе со ексклузива со која откри дека Челси брзо ја одбил првата неочекувана понуда на Арсенал за Давид Луиз, бразилскиот стопер кој минатата сезона имаше клучна улога во тимот кој го предводеше Маурицио Сари.

Давид Луиз беше незаменлив во тактиката на Италијанецот и уживаше огромна слобода на теренот, но бидејќи Лампард практикува принцип на игра кој се заснова на далеку поцврста игра во одбраната, очекувањата се Бразилецот да биде во втор план крај Зума и Кристенсен. Поради тоа, Арсенал се осоколил и испратил изненадувачка понуда до лутиот ривал за дефанзивецот, а по најавите на францускиот весник, потврда за оваа сторија пристигна и од Островот. Англиските медиуми потврдија дека се остварени контакти меѓу агентот на фудбалерот и двата клуба, но додека се чека на комплетна разврска од целиот овој случај во последните неколку часа од преодниот рок во Англија, Лампард останал доста револтиран од односот на својот фудбалер.

Како што тврди „Дејли Телеграф“, Давид Луиз не го одработил последниот тренинг со првиот тим на Челси, сето тоа како последица на експресната казна која ја добил од Лампард за очигледните преговори со Арсенал, или поточно со Унаи Емери. Луиз добро го познава Шпанецот од етапата во ПСЖ, а токму оваа врска англиските медиуми ја нагласуваат како главен адут на Арсенал за обезбедување на услугите на стоперот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести