25.8 C
Skopje
Tuesday, September 28, 2021

Лампард добива 16,5 милиони фунти и кормилото на Челси

Најчитани вести

Англискиот премиерлигаш Челси ги договори условите за ангажман на Франк Лампард како нов менаџер на тимот. Тој доби дозвола за заминување од Дерби и лесно најде заеднички јазик за враќање на „Стемфорд бриџ“, клубот во чија историја е запишан како најдобар стрелец.

Лампард имаше одлична сезона со Дерби, стигна до финалето на плејофот во Чемпионшип дивизијата за влез во елитата, но не успеа во последниот чекор. Сепак, покажа дека има неверојатни афинитети и за менаџерското столче, како што беше врвен и додека активно се занимаваше со фудбалската игра.

Лампард во наредните три сезони ќе го предводи Челси и ќе заработува 5,5 милиони фунти годишно. Со оглед на забраната за трансфери, тој ќе треба да се обиде да моделира тимот од фудбалерите кои се во тековниот ростер, како и да врати дел од играчите кои настапуваа како позајмени, а се под договор со Челси.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com