17.8 C
Skopje
Saturday, July 31, 2021

Лажни корона тестови слетуваат на аеродромот во Скопје, и деца и возрасни со фалсификати

Најчитани вести

Полицијата во периодот од 19-ти до 23-ти февруари открила 12 патници кои слетале на скопскиот аеродром, а наместо вистински ПЦР тестови за корона покажувале лажни тестови.

Обвинителството потврди дека за овие прекршители се поднесени кривични пријави за фалсификување документи.

И после овој период полицијата има откритија на лажни тестови, последното беше завчера во саботата (27-ми февруари) кога двајца британци на Меѓународниот аеродром Скопје, на граничните служби им покажале негативни резултати за коронавирус, од ПЦР тестирање, но при контролата било откриено дека истите се фалсификувани и неважечки. Британците биле на возраст од 37 години и дете на 12 годишна возраст. Овој случај се уште не е процесуиран во обвинителството кое утрово објави соопштение за претходните случаи.

-Против вкупно 12 лица Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителни предлози за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите, во различни кривично-правни настани во периодот од 19 до 23 февруари, на граничниот премин на Меѓународниот аеродром Скопје, прикажувале лажни потврди за негативни ПЦР тестови за SARS-CoV-2 вирусот, кои наводно биле издадени од лаборатории во Скопје. Потврдите како вистински ги прикажувале пред овластените службени лица, иако знаеле дека воопшто не се тестирале во наведените лаборатории.​, соопшти Јавното обвинителство.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести