Првиот отворен геј принц, одлучил да зборува за својата животна борба и за негативните реакции на неговото семејство, затоа што тој не ја криел вистината за себе.
Принцот Манвендра Синг Гохил е единствениот син на Махарана Шри Рагубир Сингџи Раџендрасингџи Сахиб и неговата сопруга, Махарана Рукмини Деви. Тој бил роден во Ајмер, 1965 година и е потенцијален наследник на неговиот татко, Махарана од Рајпипла.
Откако владата на Индија го „повлекла“ признавањето на индиските принцови во 1971 година, таткото на Манвендра ја изгубил титулата махараџа и годишниот приход кој го добивал од државата, па семејството се прилагодило на новиот режим.
Наскоро тие живееле во нова резиденција во Мумбаи, каде што Манвендра се школувал во шкотско училиште.
Лажен и неконсумиран брак
Кога имал 20 години, неговите родители му договориле брак со принцезата на државата Џабуа, Чандрика Кумари. Во тој момент, тој веќе се борел со себеси и со сознанието дека го привлекуваат мажи, но се надевал дека тоа ќе помине откако ќе се ожени.
„Мислев дека после свадбата ќе биде сè во ред, дека ќе бидам со сопругата, ќе добиеме деца, ќе станам „нормален“ и ќе пронајдам мир. Се борев и се трудев да бидам „нормален“. Никогаш не знаев, никој не ми кажа дека сум геј и дека тоа е нормално – дека нема да се смени. Дека тоа е она што се нарекува хомосексуалност и дека не е болест“, подоцна изјавила принцот Манвендра.
„Ужасно ми е жал што го уништив животот на Чандрика“, зборувал тој. „Се чувствувам виновен, но едноставно не можев подобро.
Како што изјавил пред извесно време, венчавката била „целосна катастрофа“ и наместо само еден човек да биде несреќен – по венчавката, тоа биле двајца.
По една година, Чандрика поднела барање за развод, а во едно писмо напишала дека „се враќа во истата состојба во која заминала“, со што потврдила дека нејзиниот и бракот на Манвендра никогаш не бил консумиран.
По 10 тешки години, принцот доживеал нервен слом во 2002 година, по што лекарот им ја открил сексуалноста на Манвендра на неговите родители. Како што претходно било пишувано, тие го прифатиле, но му наредиле на синот да не се доверува никого.
Како родителите се обиделе да го „излекуваат“ геј принцот?
Меѓутоа, како што раскажал за „Sky News“, не било така. Принцот тврдел дека неговите родители го однеле на „терпија за конверзија“, која имала за цел да го преобрази во хетеросексуалец, што само му нанело додатна болка.
„Тоа беше апсолутен случај на дискриминација, кршење на човековите права, без разлика дали сум бил принц или не – родителите немаат право да ги изложуваат своите деца на таква тортура“, изјавил Манвендра.
Како што тврдел, неговите родители отишле дотаму што планирале операција на мозокот и терапија со електрошокови. „За моја и нивна среќа, „Американското здружение на психијатри“ кажува дека хомосексуалноста не е ментално нарушување, па не успеаа во тоа“.
Принцот Манвендра, инаку, отворено зборува за својата сексуалност уште од 2006 година, а неговото семејство го обвиниле дека им предизвикал голем срам на на сите во Рајпипла.
Тоа не го спречило да ја раскаже на светот вистината за себеси и тоа што го доживеал, а кај Опра Винфри во едно интервју од 2007 година, изјавил дека не жали за ништо.
„Знаев дека никогаш нема да ме прифатат таков каков што сум, он знаев и дека повеќе не можам да живеам во лага“, истакнал тој.
Денес принцот Манвендра е истакнат ЛГБТ активист и основач на фондацијата „Lakysha Trust“, со седиште во Гуџарат, работел како уредник за магазинот „Fun“, глумел во серија на „Би-би-си“, ја отворил „Euro Pride“ во Стокхолм итн.
Од 2013 година, принцот е во брак со Американецот по име Сесил Ричардсон.