2.8 C
Skopje
Thursday, October 28, 2021

Лавров: Трезвените луѓе на Запад одамна сфаќаат дека Крим е руски

Најчитани вести

Западните политичари на власт одамна сфаќаат дека Крим е дел од Русија и покрај бројните обиди да се искористи ова прашање за ограничување на земјата, изјави денеска министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров пред Советот на Федерацијата, пренесува ТАСС.

„Оние кои не се свесни дека Крим е руски и дека три децении беше надвор од Русија заради судбината и спротивно на желбата на нејзините жители, воопшто немаат разбирање за историјата. Нема да се осврнам на моите дискусии со западните колеги сега, но можете да ми верувате дека трезвени луѓе одамна сфатија сè“, рече Лавров.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com