30.8 C
Skopje
Tuesday, July 27, 2021

Лавров: Русија е подготвена да разговара, но ЕУ ги уништува односите

Најчитани вести

По разговорите со неговиот фински колега во Санкт Петерсбург, шефот на руската дипломатија Сергерј Лавров, изјави дека Русија ќе биде подготвена да ги оживее односите со Европската Унија кога Брисел, истите ќе престане да ги уништува, пренесуваат руските агенции.

„ Останува на Европската Унија да одлучи. Ако одлучи дека односите треба уште да се обноват и да се повлечат чекорите за нивно завршување, тогаш и ние ќе бидеме подготвени за тоа“, рече Лавров.

Според него прекинувањето на односите меѓу Русија и ЕУ трае веќе подолго време, а иницијатор за тоа како што и самиот рекол е ЕУ, пренесуваат агенциите.

„ Во принцип, секој што е повеќе или помалку заинтересиран за ситуацијата во Европа одамна знае дека оваа пауза (во односите меѓу Русија и ЕУ) трае многу години, односите постојано ги прекинува Европската Унија“, изјавил Лавров на прес-конференција.

Коментирајќи ги изјавите од Европската Унија дека посетата на шефот на европската дипломатија на Русија заврши со понижување, Лавров рекол дека вистинското понижување на Европската Унија се случило во 2014 година, за време на кризата во Украина.

Лавров истакнал дека Русија нема проблеми во односите со одделни европски земји.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести