Лавров: Асанж најверојатно е измачуван во лондонскиот затвор

0

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека верува во можноста дека основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж бил измачуван во лондонскиот затвор.

Тој ова го рече за руската телевизија „Русија 24“, пренесува ТАСС.

„Тие исто така треба да ги отфрлат обвиненијата против (поранешниот разузнавач) Едвард Сноуден, да го ослободат Џулијан Асанж и да престанат да прибегнуваат кон тортура, на која се чини дека е подложен во притворот во Велика Британија“, рече Лавров.

Асанж беше уапсен во април годинава во еквадорската амбасада во Лондон, откако азилот беше отповикан по седум години.