14.8 C
Skopje
Thursday, October 6, 2022

„Лава“: ДНК и Таско со одлично музичко парче – во спотот се појавува и Мелита Ракичевиќ во провокативно издани

Најчитани вести

„Лава“ е насловот на новиот сингл на ДНК и Таско, соработка потпишана од Панчо, Лазар Цветкоски и Таско.

Имено, музиката е заедничко дело на Панчо, Лазе и Таско, текстот е со потписот на Панчо и Таско, битот е на Hyper & Boksa, кои заедно со Лазе стојат и зад аранжманот, а токму во неговото студио и е снимена, мастеризирана и продуцирана темата.

Веќе стандардно песната излегува во исто време со спот за кој овојпат се погрижија Страхиња и Лео, malosamo & L. Firstner, едни од најбараните момци од соседството кога се во прашање музичките спотови. Видеото е снимано во Studio DVD PLUS/Дизајн на сценска техника.

Во кадрите освен момците се појавува и Миа Гирауд, девојката од филмот „Сестри“, првиот македонски филм што оди на Нетфликс, чие тело благодарение на вештите раце на Бијан Ковски е претворено во вистинско ремек-дело. Во дел од видеото, кое ако се суди според фотографиите навистина ќе биде празник за очите, особено за машката публика, ја има и поранешната водителка Мелита Ракичевиќ, која после подолго време во „жежок“ стил се враќа на малите екрани, како и Зорица Антиќ, Lоw Z една од најдобрите ‘тверкерки’ на Балканот и моделите Ангела Грамосли и Јања Станојевиќ.

„Направивме одлична соработка со Таско. Имаме супер звук и уникатно видео. Типуваме на „Лава“ и веруваме дека ќе предизвика вистинска ерупција кај нашата публика“, велат Панчо и Андреј.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com