9 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Кјелини: Навивав за Милан, но потоа се опаметив…

Најчитани вести

Џорџо Кјелини поради повреда подолго време е надвор од терените, но искусниот дефанзивец се најде во фокусот на вниманието на италијанската јавност со изјавата со која јавно го „пецна“ некогаш големиот ривал Милан.

„Долги години играм за Јувентус, но за жал – бев навивач на Милан, поради Малдини кој беше мој омилен фудбалер. Со времето се опаметив. Мојот брат близнак навива за Јувентус, како деца имавме бројни конфликти, но замислите колку беше среќен кога дојдов во Јуве. Се вљубив во овој клуб од првиот ден кога пристигнав овде, сега не постои поголем навивач на Јувентус од мене“ – истакна Кјелини.

Во истото интервју одличниот одбранбен фудбалер говореше и за најтешките ривали што ги има чувано.

„Покрај „вонземјаните“ Роналдо и Меси, тука секако е Златан Ибрахимовиќ. Тој беше физички доминантен, а истовремено и извонреден техничар. Имав среќа да играм и со него и против него“ – прокоментира Џорџо Кјелини.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести