Мисијата на КФОР објави дека ќе спроведе вежби и ќе ги премести своите трупи во различни делови на Косово во наредните денови како дел од „вообичаените проби на распоредување и процедурите“.
КФОР на својата страница на „Фејсбук“ напиша дека „продолжува со вежбите за да бидат подготвени и да ја гарантираат безбедноста за сите луѓе во Косово“.
Според КФОР, ситуацијата во Косово останува под контрола без знаци на можни закани.