27.8 C
Skopje
Sunday, August 1, 2021

Кучиња убиле дете во Војводина додека славело роденден

Најчитани вести

Страшна трагедија се случи синоќа во градот Сента во Војводина, кога две кучиња од расата дога и ротвајлер убија четиригодишно момче.

Како што рекоа од полициската управа, тие синоќа во девет часот добиле пријава дека брзата помош излегла на лице место и го пренела момчето во критична состојба во Клиничкиот центар во Нови Сад, каде детето починало како резултат на каснување од куче.

Како што неофицијално се дознава, кучињата го нападнале детето во дворот на семејната куќа, а не на улица како што првично објавија медиумите, но засега не е познато дали кучињата се во сопственост на родителите на детето кои биле нападнати од кучињата.

Од полицијата велат дека нивните колеги излегле на терен и дека во тек е истрага и реконструкција на немилиот настан, па затоа не можат да дадат повеќе информации за целата ситуација.

Инаку детето кое беше искасано до смрт од кучињата во дворот на семејна куќа во Сента, почина на денот на неговиот роденден.

Како што се дознава, до големата трагедија дојде кога доставувачот ја донел пицата што мајката на детето ја нарачала за роденден. Имено, мајката ја земала пицата и го замолила синот да ја затвори вратата зад неа, а две од трите кучиња истрчале од боксот во дворот во тој момент и го нападнале детето.

Бесните кучиња започнале да го гризат детето по телото, а несреќната жена се обидела да го спаси. Таа се борела против догата и ротвајлерот за да го спаси детето, а во тоа борење и таа била повредена.

Како што се дознава, кучињата ќе бидат еутаназирани.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести