4 C
Skopje
Sunday, April 11, 2021

Кучиња-трагачи од Хрватска лоцираа жртва во рушевините по земјотресот во Албанија

Најчитани вести

Хрватски кучиња-трагачи кои стигнаа Албанија, како дел од помошта која Хрватска ја вети во справување со последиците од силниот земјотрес кој ја погоди земјата, ја лоцираа првата жртва во рушевините во Драч.

– Кучињата-трагачи по пристигнувањето во Драч и тргнувањето во акција, лоцираа потенцијално жива особа во рушевините, а процесот на спасување го преземаа техничките тимови – изјави началникот на Дирекцијата за цивилна заштита на Хрватска.

[NOVOSTI] Potražni psi su po dolasku u Drač i kretanju u potražnu akciju u prvoj ruševini locirali potencijalno živu…

Posted by HUOPP – Hrvatska Udruga za Obuku Potražnih Pasa on Tuesday, November 26, 2019

Владата на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ вчера одлучи да испрати армиски хеликоптер во Албанија, заедно со специјален тим за спасување од урантини.

На својата Фејсбук-страна, хрватското здружение за обука на кучиња за пребарување, објави дека нивните екипи биле мобилизирани од страна на Дирекцијата за цивилна заштита за да помогнат и да дадат поддршка на албанските служби.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести