Во текот на вчерашниот ден, неколку граѓани пријавиле во полиција дека биле каснати од кучиња скитници.
Според извештајот на МВР, трите напади врз луѓе од страна на кучиња скитници се случиле во три скопски општини, односно во Центар, Аеродром и Гази Баба.
За сега нема дополнителни информации какви мерки се преземаат од страна на надлежните институции за решавање на овој проблем.