21.8 C
Skopje
Friday, July 30, 2021

КУЧЕ СТАНА МИЛИОНЕР – На сметка му „легнаа“ 5 милиони долари

Најчитани вести

Бил Дорис, бизнисмен од Нешвил, толку многу го сакал својот миленик, кучето Лулу, што му оставил пет милиони долари во тестаментот.

Дорис починал на крајот на минатата година, а тоа припаднало во сопственост неговата пријателка Марта Бартон која и претходно се грижела за него кога Дорис одел на патувања.

Но таа, не можела да претпостави какво богатство ќе наследи со Лулу.

– Пет милиони долари ќе бидат префрлени во фонд што ќе биде основан по мојата смрт за да се грижи за моето куче Лулу, стои во тестаментот на г-дин Дорис, со детални упатства како да бидат парите потрошени за задоволување на сите потреби на Лулу.

Марта Бартон за медиумите само кратко изјави дека не знае што да мисли за сето ова, но факт е дека тоа е затоа што Дорис премногу го сакал тоа куче.

Според тестаментот, Лулу нема да може да ги троши парите како што сака, затоа што е наведено дека „на г-ѓа Бартон ќе и бидат дадени за разумни месечни трошоци“

За парите наменети за грижата на Лулу ќе се погрижи супервизор на фондот.

Г-ѓа Бартон верува дека таа и Лулу немаат шанси да ги потрошат тие пет милио ни долари, но како што призна „би сакала да проба“.

Во моментов е непознато што ќе се случи со преостанатите пари кога Лулу ќе умре.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести