7.3 C
Skopje
Thursday, May 13, 2021

Куче однесено од вода на опасна брана: Градинар херојски го спасил со помош на јаже

Најчитани вести

Неверојатна сцена се случила на браната Бел Парк во јужноафриканската провинција Квазулу-Натал, кога едно куче било однесено од вода. Кучето воопшто немало да има шанси ако не го спасел Амос Ндлову, момент што го забележале и камерите.

Дека кучето е во проблем, прво забележал Џејмс Стјуарт кој бил во прошетка со сопругата Стела. Брзо притрчал дома за да најде јаже и го повикал градинарот на соседот, Амос.
Амос го врзал јажето околу половината и се спуштил во замрзната вода. Успеал, чекор по чекор, да дојде до кучето кое стоело на една карпа.

Животното било преплашено, но тој успеал да ја добие неговата доверба.
Градинарот внимателно, со помош на јажето, дошол до брегот и кучето му го предал на Стјуарт.
“Амос е херој и заслужува медал за ова”, рекла Стела која вели дека е многу опасно да се оди покрај браната, бидејќи еден грешен чекор може да има смртен резултат.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести