-2 C
Skopje
Wednesday, January 20, 2021

Кутињо не сака во Арсенал?

Најчитани вести

Филипе Кутињо не сака да премине во Арсенал ова лето и наместо тоа, фудбалерот ќе се обиде да остане во Барселона и да се бори за своето место во составот, пренесува „Сан“.

Бразилецот остана на клупата за време на натпреварот за трофејот „Жоан Гампер“ против лондонскиот тим. Каталонците победија со 2:1 на „Ноу Камп“.

Кутињо беше една од 17-те резерви на Ернесто Валверде, но иако направи 11 смени на натпреварот, фудбалерот така и не се појави на теренот. Лионел Меси исто така не влезе во игра.

И покрај тешката состојба во Барселона, според последните информации, Филипе Кутињо не сака премине на изнајмување во Арсенал.

Бразилецот пристигна во Шпанија со трансфер вреден 142 милиони фунти во јануари 2018 година, но не успеа да ги исполни високите очекувања кон него.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести