23.8 C
Skopje
Friday, June 18, 2021

Курц: Ризикот од нови мутации е реален и ќе треба прилагодување на вакцините

Најчитани вести

Вакцинација на населението е најголем приоритет на национално, европско и глобално ниво, истакна синоќа во Берлин австрискиот канцелар Себастијан Курц. Тој потенцираше дека дека единствено ако се успее да се вакцинира поголемиот дел од населението до лето можно е враќање во нормала.

– Сите знаеме дека оваа пандемија нема да заврши летоска, рече Курц, нагласувајќи дека ризикот од нови мутации е реален и поради тоа е извесно дека вакцините ќе мора да се прилагодат.

Курц, во говорот на доделувањето на наградата „Аксел Шпрингер“ во Берлин, посветен на основачите на Бионтек – Угур Сахин и Езлем Тиреци, оцени дека историјата на човештвото е историја на напредок. – Меѓутоа, тој пат никогаш не бил лесен. Секогаш постоеле трагедии, како што се елементарни непогоди, војни или пандемии, потенцира австрискиот канцелар. Тој рече дека човештвото минатата година беше потсетено на ризиците, трагедиите и моќта на напредокот.

– На почетокот на 2020 година ретко кој можеше да предвиди колкава глобална криза ќе предизвика коронавирусот. Вирусот се одрази на сите индивидуални, економски и политички.

– Но, добрата вест е дека светлото е се поблизу како доаѓаме до крајот на тунелот. Не се прошири брзо само коронавирусот, туку и брзината на научниот прогрес, потенцираше синоќа Курц.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести