14.8 C
Skopje
Thursday, October 21, 2021

Курц едногласно избран за шеф на пратеничкиот клуб на ОВП

Најчитани вести

Себастијан Курц синоќа едногласно е избран за нов шеф на пратеничкиот клуб на Народна партија на Австрија (ОВП) во австрискиот Парламент.

Курц на тајно гласање во пратеничкиот клуб доби едногласна поддршка. Додека досегашниот шеф на пратеничкиот клуб на ОВП, Аугуст Вегингер е избран за прв заменик-шеф.

Во австрискиот Парламент за денеска е закажана седница на која ќе се разговара за обвинувањата против Курц за корупција.
Опозицијата најави иницијатива за недоверба на владата, но поради недостаток на мнозинство, тие немаат шанси за успех.

Курц на 9 октомври се повлече од функцијата, а министерот за надворешни работи Александар Шаленберг вчера положи заклетва како канцелар.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com