2.8 C
Skopje
Tuesday, December 7, 2021

Курц ги почнува коалициските преговори со Зелените

Најчитани вести

Мандатарот за состав на идната австриска влада и лидер на Народната партија на Австрија (ОВП), Себастијан Курц и лидерот на Зелените, Вернер Коглер денеска ги почнуваат коалициските преговори.

Курц вчера изјави дека минатата недела имал повеќе состаноци со Зелените, по што ја избрал таа партија за разговори за идна влада.

Тој истакна дека нема да биде лесно, бидејќи ставовите на двете партии се „многу, многу различни“.

Курц нагласи дека Зелените имаат цврсти ставови по прашањето за заштита на животната средина и борбата против климатските промени, каде што нема да биде лесно, како што ОВП инсистира на своите ставови по прашањето за миграција, безбедност и даночна политика.

– Доколку биде постигнат договор со Зелените ќе треба малку повеќе креативност и до некаде некој нов облик на владеење – истакна Курц.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com