20.8 C
Skopje
Tuesday, September 28, 2021

Курц: Веќе нема да се потпираме на ЕУ за вакцини

Најчитани вести

Австрија и Данска во иднина веќе нема да се потпираат на ЕУ и ќе работат заедно со Израел на вакцина против коронавирусот, изјави австрискиот канцелар Себастијан Курц.

Пред да замине за Израел, Курц објави промена на курсот во стратегијата за борба против коронавирусот.

„Во иднина веќе нема да се потпираме на ЕУ и заедно со Израел ќе произведуваме вакцини од втора генерација против понатамошни видови во следните години, како и заеднички ќе ги истражуваме можностите за лекување“, нагласи тој.

Во писмената изјава за АПА, Курц истакна дека само на Австрија и се потребни 30 милиони дози вакцини.

Во пресрет на посетата на Израел, Курц ќе има средба со претставници на водечките австриски фармацевтски компании.

Тој посочи дека пристапот преку ЕУ во основа бил исправен, но дека Европската агенција за лекови (ЕМА) е премногу бавна во одобрувањето на вакцините и дека има проблеми со доставата.

„Мора да се подготвиме за понатамошни мутации и повеќе не треба да зависиме само од ЕУ во производството на вакцини од втора генерација“, нагласи Курц.

Експертите сметаат дека во наредните години, две третини од населението ќе треба да се вакцинира годишно.

Курц патува во Израел заедно со неговата данска колешка Мете Фредериксен, а израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави дека ќе разговара со нив за соработка во производството на вакцини.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com