Home » Куртоа ја напушти белгиската репрезентација

Куртоа ја напушти белгиската репрезентација

by Журнал.мк

Тибо Куртоа, кој со чудесни одбрани го одведе Реал Мадрид до трофејот во финалето на Лигата на шампионите, утрово неочекувано ја напушти белгиската репрезентација. Тој требаше со националниот тим да одигра четири натпревари во Лигата на нации, но доби поштеда од лекарите откако синоќа ги мина медицинските тестови.

Куртоа откри дека морал да ја напушти репрезентацијата поради пубалгија или воспаление на препоните. Тој трпел големи болки и во текот на целата сезона.

Сепак, бранеше феноменално и е најзаслужен што Реал Мадрид ги освои шпанската и европската титула. Откако во таква состојба одигра 51 натпревар за Реал Мадрид и пет за репрезентацијата на Белгија, најави дека поради болки не може повеќе да го издржи темпото и мора да добие одмор.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More