7 C
Skopje
Sunday, May 16, 2021

Куртоа: Мислам дека сега е јасно кој е бр.1

Најчитани вести

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, покажа самодоверба во спорот со Кејлор Навас за позицијата стартен голман на „белите“.

Зинедин Зидан на крајот од минатата сезона рече дека нема да има контроверзии околу тоа кој ќе биде прв избор за голман во сезоната 2019/20, а според шпанските медиуми, тој мислел на белгискиот репрезентативец.

„Мислам дека сега е јасно кој е број 1“, рече голманот пред „Het Nieuwsblad“, кој пристигна во Мадрид пред една година за 35 милиони евра.

„Се чувствувам посилен од било кога. Многу добро работев, тренирав добро и се чувствувам одлично. Минатата година, мојот процент на масти беше 8,8%, а сега 8,1%. И ова е после еден месец одмор. Се чувствувам добро, се надевам дека ќе продолжам на овој начин“, додаде тој.

Следниот месец ќе откриеме дали Навас ќе најде друг клуб или ќе остане, чекајќи ја својата шанса.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести