7.8 C
Skopje
Thursday, October 21, 2021

Куртоа: Бодот од „Месталја“ ни дава уште поголема мотивација за гостувањето на „Камп Ноу“

Најчитани вести

Реал Мадрид во последен момент избегна пораз од Валенсија на „Месталја“ играјќи 1-1. Во израмнувачкиот гол на Карим Бензема учествуваше и голманот Тибо Куртоа, кој по корнерот на Тони Крос скокна највисоко и со удар со глава шутираше кон голот, а одбиената топка по мешаницата во казнениот простор францускиот напаѓач ја претвори во погодок. Куртоа е задоволен што „кралевите“ не загубија на мечот пред големото „Ел Класико“.

„Овој бод ни дава уште поголема мотивација пред гостувањето на „Камп Ноу“ и дуелот со Барселона. Не е исто кога ќе загубиш 1-0 и кога ќе успееш сепак да избегнеш пораз. Не беше лесно, Валенсија имаше убава шанса и за 2-0, но за среќа успеав да одбранам. Во последните мигови почувствува дека би можел да помогнам поради мојата височина, истрчав напред, Тони ја испрати топката во моја близина и не се двоумев да шутирам. По ова се изроди и шансата за Карим да постигне израмнувачки гол. Драго ми е што успеавме да избегнеме пораз, а сега треба максимално да се фокусираме за гостувањето на „Камп Ноу“, изјави Тибо Куртоа.

„Ел Класико“ е закажано за в среда, со почеток во 20 часот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com