26.8 C
Skopje
Wednesday, June 16, 2021

Курти ќе го информира Собранието на Косово за дијалогот со Србија

Најчитани вести

Премиерот на Косово Албин Курти денеска, како што е најавено од неговата партија Самоопределување, ќе ги информира членовите на косовскиот парламент за текот на дијалогот меѓу Белград и Приштина. Во рамките на пратеничката група на Самоопределување, како што се дознава, разговарале за зголемување на транспарентноста во процесот и дека постоела согласност строго да се примени одлуката на Уставниот суд на Косово за надлежноста на премиерот да води дијалог со Србија. Шефот на пратеничката група на Демократската партија на Косово, Абелард Тахири рече дека по бројните барања од опозициските партии, премиерот се согласил да го извести Собранието.

Дијалогот за нормализација на односите меѓу Србија и Косово ќе продолжи во вторник на 15 јуни во Брисел. Тоа ќе биде прва средба меѓу Вучиќ и Курти. ЕУ, како што соопшти, очекува од двете земји понатамошна посветеност за вклучување во дијалогот, да се спроведат сите претходни договори и да се покаже посветеност и неопходна подготвеност за компромис со цел да се постигне конечен сеопфатен договор за нормализирање на односите меѓу Србија и Косово.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести