Home » Курти ја почнува работната посета на САД

Курти ја почнува работната посета на САД

by Журнал.мк

Kосовскиот премиер Албин Курти денеска ја започнува официјалната посета на Соединетите Американски Држави, соопшти службата за инфомирање на Владата на Косово. За време на престојот во САД, Курти ќе се сретне со државни претставници, бизнисмени, водачи на разни организации и со претставници на тамошната албанска заедница.

Спред соопштението , косовскиот премиер денеска ќе се сретне со претставници на Корпорацијата на милениумските предизвици (МЦЦ).

Последните денови Курти имаше прилично збиена агенда. Во средата престојуваше во Берлин, на покана на германскиот канцелар Олаф Шолц, а се сретна и со министерката за надворешни работи, Аналена Беррбок. Истиот ден имаше неформална вечера со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со емисарот на Европската унија за косовско-српскиот дијалог, Мирослав Лајчак. Во четвртокот, по враќањето од Берлин, во Приштина се сретна со министерката за одбрана на Германија, Кристине Ламбрехт.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More