10.6 C
Skopje
Saturday, October 16, 2021

Курти: Српските и албанските криминалци добро соработуваат, а ние ќе се бориме против криминалот

Најчитани вести

Курти, кој денеска учествува на Економскиот самит во Скопје, беше запрашан за вчерашните немири на северот на Косово и за односите со Србија
Косовскиот премиер Албин Курти вели дека не треба да се политизираат вчерашните полициски акции бидејќи тоа е борба против криминалот и корупцијата.

Курти, кој денеска учествува на Економскиот самит во Скопје, беше запрашан за вчерашните немири на северот на Косово и за односите со Србија.

Тој вели дека се бори против корупцијата и организираниот криминал кој што е мултиетнички. Додава дека српските и албанските криминалци многу добро соработуваат, а неговата влада се бори против тоа по секоја цена.

„Имаше полициска акција во четири различни општини на Косово – Пеќ, Приштина, Северна Митровица, Јужна Митровица, каде што соработуваа разни криминалци, Албанци и Срби. Судијата на претходната постапка и обвинителот што дадоа налог за акцијата се Срби. Многу од полицајците се Срби. Некои од повредените полицајци беа Албанци, некои Срби. Погрешно е да се нагласува или да се политизира нашата борба против корупцијата. Треба да соработуваме сите од Западниот Балкан против организираниот криминал кој е многу поинтегриран отколку што сме ние како земји. Затоа ни се потребни функционална демократија и владеење на правото“,

рече Курти.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com