2.8 C
Skopje
Thursday, October 28, 2021

Курти од Драч: Мора да си помагаме и да се поддржуваме, за овој народ, а не за политиката

Најчитани вести

Лидерот на Движењето „Самоопределување“ и иден премиер на Косово, Албин Курти, кој престојува во Драч во изјава за медиумите рече дека за да „нема хуманитарна криза, на косовските и албанските институции им е потребна помош“.

Посочи дека волонтерството е значајно, но тоа треба да го помогнат институциите на двете земји.

-Слушаме за семејства од подрајето на Драч кои пристигнале во Косово, но мора да си помагаме и меѓусебно да се поддржуваме, за овој народ, а не за политиката. На волонтерството им се потребни нашите две армии, нашите две полиции за резултатите да бидат подобри. Локалните самоуправи ќе помогнат со најдобра статистика, додека народот работи на дарежливост и гостопримливост,рече Курти.

Според него, народот покажува солидарност и потребно е институциите и владите тоа да го организираат што подобро.

-Луѓето треба да продолжат да живеат и работат иако во тешки услови. За да нема елементи на никаква хуманитарна криза, институциите и во Косово и во Албанија, централни и локални, треба да им помогнат на Албанците, изјави Курти.

Оцени дека Безбедносните сили на Косово и армијата на Албанија одлично соработуваат.

Курти вчера престојваше во Гњилане и присуствуваше на погребот на двајца браќа Абази, кои беа пронајдени мртви под урнатините на хотел во Драч.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com