24.8 C
Skopje
Saturday, June 12, 2021

Курти објави дека обезбедил мнозинство за формирање на новата влада

Најчитани вести

Лидерот на Движењето Самоопределување Албин Курти вечерва објави дека успеал да го обезбеди потребното мнозинство од 61 глас од новите пратеници во косовското Собрание, изгласани на изборите од 6 октомври, и дека веднаш по прогласувањето на конечните изборни резултати ќе може да пристапи кон формирање на новата влада, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според Курти, на ВВ, која победи на изборите, и на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), како втора најгласана партија, како дел од идната владина коалиција денеска ѝ се приклучија и пратеници од три партии на немнозинските заедници, со што е обезбедено потребното мнозинство за изгласување на кабинетот што тој ќе го предложи откако ќе го добие мандатот.

– Без оглед на пребројувањата и панелите (за поплаки и претставки), обезбедено е парламентарно мнозинство за новата влада. Претседателите на три партии на немнозинските заедници, кои се истовремено и идни пратеници, господата Расим Демири, Фикрим Дамка и Алберт Киноли ќе ја гласаат нашата влада и мене како премиер, без условувања, напиша Курти на својата страница на Фејсбук.

Пребројувањето на гласовите, по низа поплаки од учесниците на изборите, заврши денеска и се очекува во текот на утрешниот ден, понеделник, 25 ноември, да бидат објавени конечните резултати од гласањето на 6 октомври, со што ќе се заокружи изборниот проес и ќе се пристапи кон формирање на институциите.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести