Лидерот на движењето Самоопределување, Албин Курти, најави дека ќе се сретне со претставниците на Српска листа и ќе разговара со нив за исполнувањето на уставната обврска – да се даде министерство на Србите.
Курти вели дека бидејќи во косовското Собрание нема српско малцинство освен Српска листа, тој ќе се сретне и со партијата што лидерот на Самоопределување ја нарекува продолжена рака на Белград, пренесува „Газета eкспрес“. Кандидатот за премиер на Косово наведува дека тој ќе се сретне со Српска листа и ќе се однесува како што косовскиот Устав предвидува, назначување министер од редовите на српската заедница.