Трипартитната средба на лидерите на земјите од Западен Балкан во Охрид, според лидерот на Движењето Самоопределување во Косово, Албин Курти, е избрзана.
Според Албин Курти, официјална Албанија мораше да почека да се формира новата косовска влада, а не да брза на состаноци во Охрид. Дури и за кандидатот за премиер на Косово, вакви проекти и се потребни на Албанија да започне со Косово, а не со Србија.
„Ова трчање во Нови Сад и во Скопје е грешка“, рече тој.
Тој смета дека погрешен е пристапот една ваква соработка да почне со Србија.
- Започнува со Косово-Албанија, продолжува со Хрватска-Бугарија, па со официјално Сараево, официјална Подгорица,
официјално Скопје и Белград на крајот – вели лидерот на Самоопределување. - Како резултат на тоа мислам дека и средбата во Нови Сад и охридската средба беа погрешни – вели Курти.
Тој ја критикува Аланија која се пожали дека во Косово немало пристојна влада за соработка.
- Бидејќи официјална Албанија чекаше за една достојната косовска влада долги години, можеше да почека уште неколку недели за да се формира ова влада, и да соработуваме и ние со сите. Не разбирам зошто се брза, зошто ова брзање
со средбите во Нови Сад и Охрид и утре во Драч, кога сме на работ да ја формираме Владата на Косово.
Ако чекаа многу години, ќе требаше да чекаат уште неколку недели – рече Курти.