-5.2 C
Skopje
Saturday, January 22, 2022

КУРТИ ВО ОФАНЗИВА: Бара од Грција да ја признае независноста на Косово

Најчитани вести

Премиерот на привремените институции на Приштина, Албин Курти, во четвртокот во Атина се сретна со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, од кого, како што е наведено во соопштението на владата во Приштина, тој побарал од Грција да им се придружи на земјите што ja признаа независностa на Косово.

Курти му се заблагодари на Мицотакис за неговиот „конструктивен став“ кон Косово, што Грција, наводно, го покажала во последните месеци, особено со поддршката за визната либерализација за косовските граѓани и залагањето за членство на Косово во меѓународните организации“, објави синоќа Приштина.

Курти рекол дека Атина и Приштина мора да ги зајакнат своите меѓусебни односи заради, како што тврди, „долгата заедничка историја, заедничката цел на мирот и безбедноста на Балканот и заедничката иднина“.

Според Приштина, Мицотакис ја потврдил заложбата на Грција за понатамошно унапредување и зајакнување на соработката меѓу Атина и Приштина, „во рамките на промовирање на европската перспектива на Западен Балкан“.

„За време на состанокот, тие разговарале и за зајакнување на билатералните економски односи меѓу Косово и Грција“, се вели во соопштението.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com