25.8 C
Skopje
Wednesday, September 28, 2022

Куреши на средбата „Тројка плус”: Авганистан е на работ на економски колапс

Најчитани вести

Авганистан денеска е на работ на економски колапс.

Авганистан е „на работ на економски колапс” и меѓународната заедница мора под итно да продолжи со финансирањето и да обезбеди хуманитарна помош, предупреди денеска пакистанскиот министер за надворешни работи Шах Махмуд Куреши, на состанокот со дипломати од САД, Кина, Русија и талибанците во Исламабад.

Куреши зборуваше на отворањето на таканаречениот состанок „Тројка плус”, на кој се вклучи и Томас Вест, новиот специјален претставник на САД за Авганистан. Учесниците, исто така, се очекува денеска да се сретнат со талибанскиот министер за надворешни работи Амир Кан Мутаки.

-Авганистан денеска е на работ на економски колапс, рече Куреши на отворањето на состанокот, додавајќи дека секое натамошно економско паѓање „сериозно ќе ја ограничи способноста на новата талибанска влада да управува со земјата”.

-Затоа е императив меѓународната заедница под итно да го поддржи обезбедувањето хуманитарна помош, кажа Луреши на средбата.

Според него, тоа значи давање пристап на Авганистан до средствата замрзнати од западните донатори откако талибанците ја презедоа контролата врз земјата во август.

Обновувањето на протокот на средства „ќе биде во согласност со нашите напори да ја вратиме економската активност и да ја придвижиме авганистанската економија кон стабилност и одржливост”, додаде шефот на пакистанската дипломатија.

Ова ќе им користи и на западните земји, рече тој во коментар за државните медиуми.

-Ако мислите дека сте далеку, дека Европа е безбедна и си мислите дека овие области нема да бидат погодени од тероризмот, не заборавајте на историјата, рече тој. „Ние научивме од историјата и не сакаме да ги повториме грешките, што ги дозволивме во минатото”.

Обединетите нации постојано предупредуваа дека Авганистан е на работ на најтешката хуманитарна криза во светот, при што повеќе од половина од земјата се соочува со „акутен недостиг на храна”, а зимата принудува милиони луѓе да избираат меѓу миграцијата и гладот.

„Тројка плус” е прва посета на Вест на регионот како пратеник на Вашингтон откако ја презеде функцијата од Залмај Калилзад, долгогодишниот дипломат кој ги водеше разговорите што доведоа до повлекување на САД од Авганистан претходно оваа година.

Претходно оваа недела, Стејт департментот соопшти дека Вест планира да ги посети и Русија и Индија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com