-1 C
Skopje
Thursday, January 21, 2021

Курдските борци објавија дека се повлекле од град на границата со Турција

Најчитани вести

Сириските демократски сили (СДФ) предводени од Курдите објавија дека ги повлекле сите свои борци од пограничниот град Рас ал-Аин, во рамки на договорот посредуван од САД за повлекување од „безбедносната зона“ што Турција сака да ја воспостави долж нејзината граница.

„Нема веќе наши борци во градот“, соопшти портпаролот на СДФ, Кино Габриел. Сириските бунтовници кои се во сојузништво со Турција и кои минатата недела ја презедоа контролата врз поголемиот дел од Рас ал-Аин, претходно објавија дека силите на курдското ЈПГ остануваат во 30 проценти од градот, пренесе Ројтерс.

Сириската опсерваторија за човекови права, невладина организација со седиште во Лондон, објави дека од тој град се повлекле околу 500 борци на СДФ, откако повредените и телата на мртвите ги изнеле од градот и дека СДФ целосно го напуштил Рас ал-Аин.

САД и Турција договорија петдневен прекин на огнот за да се овозможи повлекување на курдските сили.

Анкара му порача на Вашингтон дека очекува да се држи до ветувањето и да не користи тактики на одолговлекување за да ја запре турска офанзива во североисточна Сирија.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести