7 C
Skopje
Sunday, February 28, 2021

Купиле куќа неколку века стара: Поради „подобра“ локација ја преместиле за милион долари

Најчитани вести

Едно американско семејство имало проблем, пронашле идеален дом, ама не им се допаднала локацијата, а проблемот го решиле на несекојдневен начин.

Семејството купило неколку века стара куќа, ама бидејќи не се наоѓала во Квинстаун, каде што тие сакале да живеат, целосната куќа ја ставиле на сплав и ја преместиле осумдесет километри подалеку. Зданието наречено „Галовеј хаус“ било изградено во 1760 година и тежи 400 тони, ама сепак успешно била префрлена на „подобра“ локација по реката Тред Ејвон. Куќата била направена како дом за Вилијам Николс и неговата сопруга Хенриета Мари Чемберлен Николс, а се наоѓала на плантажа од 250 хектари.

Семејството Нилеј, пренесува Јутарњи.хр, сметало дека куќата е идеална за нивен нов дом, ама бидејќи не биле задоволни со локацијата, издвоиле милион долари прво да ја однесат десетина километри до реката, а потоа уште 80 километри по воден пат до саканата локација./вечер.пресс.мк

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести