15.8 C
Skopje
Monday, October 25, 2021

Куомо истрагата против него ја оцени како неправедна

Најчитани вести

Гувернерот на Њујорк во заминување, Ендру Куомо во своето последно обраќање државната истрага против него ја оцени како неправедна.

– Ме знаете: јас сум борец и мојот инстикт е да се борам против ова , бидејќи според мене, тоа е нефер и неправедно, изјави Куомо во снимената порака.

Куомо денеска заминува од функција. Тој претходно поднесе оставка откако беше обвинет за сексуално возменирување на 11 жени.

Истрагата против Куомо почна во март откако две жени го обвинија за сексуално вознемирување. Петмесечната истрага покажа дека Куомо сексуално вознемирувал 11 же ни, кршејќи ги сојузните и државните закони, создавајќи „клима на страв” во својата канцеларија.

На негово место доаѓа 62-годишната Хочул, демократ и поранешна членка на Конгресот во Бафало. Таа ќе биде 57. гувернерка на државата Њујорк и прва жена на таа функција.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com