7.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Кунц е новиот селектор на Турција

Најчитани вести

Поранешниот селектор на младата репрезентација на Германија, Штефан Кунц е именуван за нов селектор на Турција, соопшти Фудбалскиот сојуз на оваа земја.

Кунц, на функцијата ќе го наследи Шенол Гунеш, кој доби отказ по дебаклот против Холандија (6:1), во квалификациите за пласман на Светското првенство.

Штефан Кунц ја предводеше младата германска репрезентација од 2016 година. Со оваа селекција три пати играше во финалните натпревари на Европските првенства, успеа да освои две титули, во 2017 и 2021 година.

Турција, во квалификациите за Мундијалот, во Г-групата, се наоѓа на третото место со 11 поени, два помалку од Холандија и Норвешка.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com