20.8 C
Skopje
Sunday, June 20, 2021

Куман одлучил: Пјаниќ ставен на трансфер листа

Најчитани вести

Mиралем Пјаниќ е ставен на трансфер листата во Барселона.

Шпанските медиуми објавија дека тренерот на каталонскиот гигант, Роналд Куман нема да смета на Пјаниќ и тој најверојатно ќе го напушти клубот.

И самиот Пјаниќ пред неколку недели даде изјава во која потврди дека не е задоволен од својот статус во Барселона.

„Не сум и не можам да бидам задоволен. Во текот на својата кариера никогаш не сум прифатил да не играм и не прифаќам ниту сега. Ќе видиме, спремен сум, добро тренирам и чекам, не можам да направам ништо повеќе“, изјави Пјаниќ.

Како што се тврди оваа изјава на Пјаниќ го налутила Куман и тој одлучил да не смета на него за наредната сезона.

Сезонава Пјаниќ одигра 28 натпревари за Барселона и не запиша некој значаен учинок.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести