23.8 C
Skopje
Saturday, June 19, 2021

Куман: Меси е најважниот човек во историјата на Барселона

Најчитани вести

Роналд Куман не штедеше пофални зборови за Лео Меси по вчерашната победа од 4-1 над Уеска во која Аргентинецот имаше импресивен настап.

Меси постигна два гола против Уеска, тој го израмни рекордот на настапи на Чави за Барселона и веќе во следниот меч ќе стане фудбалерот кој најмногу пати го носел дресот на каталонскиот гигант.

Роналд Куман беше полн со пофани зборови за Меси.

„Мислам дека Меси покажа дека е најдобар. Првииот гоол беше фантастичен. Не знам што да кажам за Меси. Тој го израмни рекордот на Чави и во недела ќе го помине. Тој е најважниот човек во историјата на овој клуб. Среќни сме што се уште е со нас“, вели Куман.

Со доаѓањето на Лапорта за претседател и подигнувањето на формата на тимот во последно време, се зголемуваат шансите за останување на Меси во Барселона.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести