15 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Кулушевски го моли Ибрахимовиќ: Златан, врати се во репрезентацијата

Најчитани вести

Швеѓанецот со македонско потекло, Дејан Кулушевски по синоќешната победа на Јувентус во Серија А во изјава за медиумите го повика Златан Ибрахимовиќ да се врати назад во репрезентацијата на Шведска.

Ибрахимовиќ од 2016 година не игра за Шведска. Во последно време актуелни се преговорите на селекторот Јан Андерсон со 39-годишниот Ибрахимовиќ, и постои голема можност Златан да заигра на Европското првенство.

„Во контакт сме постојано. Тој е мој идол. Тешко дека некој на светот може да го прави тоа што тој го прави. Кога ме фали ме тера да работам уште повеќе на следниот тренинг, затоа што сум горд на неговите зборови. Искрено се надевам дека ќе се врати во репрезентацијата и ќе игра со нас на Европското првенство. За мене тоа би било прекрасно, како и за цела Шведска. Ајде, Златане“ – порача синоќа Кулушевски.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести