Home » Кулеба: Киев подготвен за разговори, но без руски ултиматум

Кулеба: Киев подготвен за разговори, но без руски ултиматум

by Журнал.мк

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба изјави дека Киев е подготвен за разговори со Русија, но ги отфрла руските ултиматуми.

Во интервјуто објавено од германски „Ди Велт“, а пренесено од ТАСС, Кулеба вели: „Ние сме подготвени за разговори. Сепак, не сме подготвени да прифатиме руски ултиматуми“.

Тој додаде дека доколку ситуацијата ескалира, Киев ќе возврати.

Кулеба изјави дека Русија не сака да седи на преговарачка маса и дека наместо тоа планира да ги продолжи непријателствата.

„Вистинскиот проблем е што Русија не е подготвена да се вклучи во вистински и важни преговори“, рече украинскиот министер.

Тој исто така кажа дека на Киев му требаат три работи за да победи: Украинска издржливост, карактер и борбена моќ, снабдување со неопходно оружје и санкции против Русија.

„Ако се обединат сите три фактори, ќе ја добиеме оваа војна“, рече Кулеба.

Призна дека украинската економија претрпе повеќе од руската поради тоа што се случува, пренесуваат медиумите во светот.

„Иако санкциите се многу важни и имаат ефект, тие не можат да ја сопрат руската воена машина се додека Европа продолжува да купува руска нафта и гас“, предупреди Кулеба, наведувајќи дека на краток рок Русија е економски во подобра позиција од Украина.

Затоа побара од пријателите и партнерите да им помогнат економски и да им овозможат да ја продолжат борбата.

Руско-украинските преговори траат од 28 февруари, а московската делегација ја предводи Владимир Медински, помошникот на рускиот претседател.

Во Белорусија беа одржани неколку состаноци, а потоа страните продолжија да комуницираат преку видеоврска, по што на 29 март во Истанбул се одржа круг преговори лице в лице, потсетува ТАСС.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More