8 C
Skopje
Sunday, May 16, 2021

Кузеска: Нема ниту ќе има преговори за македонскиот јазик и историја

Најчитани вести

Како на Христијан Мицкоски да не му беше доволно, што во клучни моменти за државата излезе пред јавноста и без срам лажеше дека државата се распарчувала, дека се погазувала македонската држава, лажеше дека се погазувала македонската историја, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

„ Како тоа да не беше доволно па сега лажат дека се загрозувал македонскиот јазик, ја плашат јавноста со наводни анекси и бараат нов Договор што е спротивно на државните позиции. На почетокот на годината од Белата палата слушаме една иста расипана плоча, едни исти лаги кажани 100 пати. Колку пати и да излажат, нивната лага нема да стане вистина.

Тоа е ВМРО-ДПМНЕ, партијата потврден извор на лажни вести, партија која знае само за лаги, деструкции, блокади и антидржавно дејствување. Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ точно знаат дека за македонскиот јазик, за македонскиот идентитет, за македонската историја не се преговара, ниту воопшто некогаш ќе се преговара, но тие свесно одлучуваат да ги лажат граѓаните. Тоа им е јасно на сите, јасно му е и на Мицкоски, но тој мисли само на својата лидерска позиција и затоа свесно бира да лаже.

Лагите на Мицкоски и на малкутемина околу него, не поминуваат. Нивните лаги се разобличени и се шест пати казнети од граѓаните. За секоја една лага, Мицкоски се соочи со порази од граѓаните. Колку пати ќе излажат, толку пати ќе изгубат секојпат кога ќе ја побараат довербата од народот. Со вакво антидржавно и антинародно однесување, со лаги и деструкции, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ уште долго остануваат опозиција“ додаде Кузеска.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести