Home » Кузеска: Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се најголемо разочарување за граѓаните

Кузеска: Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се најголемо разочарување за граѓаните

by Журнал.мк

Изминува една и пол година од мандатите на градоначалнците од ВМРО-ДПМНЕ, период во кој целата јавност ја виде нивната неспособност. 

Над 40 градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ досега не реализираа ниту еден важен, капитален проект за општините и граѓаните, а дури ги прекинаа и наследените проекти од градоначалниците од СДСМ, рече на денешната прес конференција Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Според Кузеска, градоначалниците на „шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски немаат проблем да ги задолжуваат општините и да удираат по џебот на граѓаните“.

– По општините Аердром, Гази Баба и Бутел, и Прилеп се подготвува да издаде обврзница, во вредност од милиони евра за изградба на кружен тек, откако удри по џебот на граѓаните, со покачување на цените на комуналните услуги, водата и паркингот, – рече Кузеска и додаде дека драстично поскапи комунални услуги плаќаат граѓаните и на Охрид, Штип и Битола, како и на Општина Велес.

Таа го обвини Јавното комунално претпријатие од Велес ЈКП Дервен дека потрошило над 28 милиони денари за времени вработувања, а дека милиони евра за вдомување на партиски кадри во општините оваа година ќе потрошат и градоначалниците на Гази Баба, на Аеродром, Кочани, Илинден.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More