21.8 C
Skopje
Tuesday, June 15, 2021

Куба одобри уште една потенцијална вакцина против Ковид-19 за нова фаза на тестирање

Најчитани вести

Кубанското регулаторно тело одобри уште една потенцијална вакцина против Ковид-19 за нова фаза на тестирање, со цел да се спречи новиот бран на коронавирусот и да ја подготви за извоз.

Куба е позната по долгорочното успешно производство и извоз на вакцини, а во март ја започна последната фаза на тестирање на вакцината „Соберана 2“. Другата одобрена вакцина е „Абдала“.

Властите ќе започнат да бараат 48.000 волонтери на возраст од 19 до 80 години за тестирање во источните провинции.

Студијата ќе заврши во јули, а првите резултати се очекуваат во август. Владата на оваа комунистичка земја има намера да го вакцинира целото население со една од петте вакцини што се во развој.

До крајот на мај се планира сите граѓани на Хавана да бидат имунизирани со експериментални вакцини.

Илеана Моралес, директорка на Директоратот за наука и технолошки развој во Министерството за здравство на Куба, најави дека властите ќе спроведат студија за 1,7 милиони граѓани на Хавана, која има вкупно 2,1 милиони жители и е најголемото жариште на епидемијата во Куба.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести